Често поставувани прашања

Плаќања

Дали има опција за готовинско плаќање при достава?

Во Бифекс продавницата можете да купувате само со платежна  картичка и тоа дебитна или кредитна картичка. Доколку во иднина има повеќе барања за готовинско плаќање и одлучиме да ја овозможиме оваа услуга,  ќе ве известиме за тоа при влез во нашата продавница и преку електронска пошта.

Дали можам да плаќам со кредитна или дебитна картичка?

Сите видови на кредитни и дебитни картички може да се употребат за плаќање во нашата продавница.

Дали можам да плаќам на рати?

Сеуште не, но напорно работиме да ја овозможиме и оваа услуга.

Дали е сигурно да ја користам мојата кредитна картичка во вашата продавница?

Да, апсолутно е безбедно да ја  користите вашата картичка во Бифекс продавницата.

Бифекс продавницата користи услуги од неколку надворешни фирми, со цел да се овозможат безбедни и сигурни плаќања на сите артикли во продавницата.. За  обезбедување на безбеден процес на плаќање користиме SSL  сертификат со 256 бит енкрипција.

Кога вие пазарите во Бифекс продавницата, вашите информации не можат да се гледаат ниту пак  да се користат од некој друг.

Од друга страна пак, банките кои даваат можност за интернет плаќања имаат свои системи за сигурност.

Дали можам да платам со уплатница или вирмански налог?

Во Бифекс продавницата можете да плаќате само со дебитна или кредитна картичка.

Како можам да употребам мојата картичка за плаќање?

Во страницата за Исплата кога ќе кликните на копчето направи нарачка ви се отвара нов прозорец, каде ќе можете да пополните информации со  податоците од вашата картичка.

За подетални информации погледнете воделот Како да купам

Враќање

Чекори за повраќање на стока:

  1. Во Бифекс страница Кликнете на Моја Сметка и потоа Нарачки
  2. Во делот на Нарачки ке видете Акциа и кликнете на погледни
  3. Потоа ке видете копче за враќање -кликнете
  4. Напишете кои производи сакате га ги вратите
  5. Напишете Причината зошто ги враќате
  6. Кликните на Враќање
  7. Ќе добиете повратна информациа преку електронска пошта
  8. Запишете ја повратната шифра
  9. Паковајте ги производите заедно со фактурата
  10. Вратете го пакетот со карго

Политика за Враќање

Враќањето на стоката е 15 дена од денот на приемот.

За да користете бесплатно враќање следете ги чекорите во Чекори за Повраќање на Стока. На крај ќе добиете шифра за бесплатно враќање.

Стоката можете да го вратите исклучиво по транспортни фирми со кои имаме склучен договор. За ова ќе добивате информациа преку електронска пошта.

Не можете да враќате стоки наменети за еднократна уптореба и стоки со кратка рок на траење.

Можете да враќате стоки кои не ви се свиѓаат но не и тие што ги имате употребадо. Не е дозволено да се враќа употребена,прана или миени или оштетена стока.

Кои производи не можам да ги враќам?

Не можете да враќате стоки наменети за еднократна уптореба и стоки со кратка рок на траење.

Можете да враќате стоки кои не ви се свиѓаат но не и тие што ги имате употребадо. Не е дозволено да се враќа употребена,прана или миени или оштетена стока.

Кој ќе ги плати трошоците за враќање на стока?

Бесплатна доства и бесплатно враќање ќе добиват сите нарачки над 1500 ден.

Лесно Враќање подразбира бесплатно враќање на стока ако ги следете чекорите за повраќање на стока.

Кога враќате стока не заборавајте да наведете и шифрата за бесплатно враќање.

Бесплатна доства и бесплатно враќање се користи само под услов на Правило за Фер Користење

Го исгубив шифрана за враќање! Што сега ?

За да користете бесплатно враќање следете ги чекорите во Чекори за Повраќање на Стока. На крај ќе добиете шифра за бесплатно враќање.

За ова ќе добивате информациа преку електронска пошта.

Ако ви треба помош контактирајте не

Колку е времетраење на шифра за враќање?

Ако добивте шифра за бесплатно враќање имате 7 дена рок за да го вратите стокава.

Ако надминете рокот од 7 дена ке треба повторно да следите чекори за повраќање на стока.

Враќање ке е валидно само ако не е поминато време за враќање од 15 дена.

Правило за Фер Користење

Даваме бесплатна достава и бесплатно враќање за секоја нарачка над 1500 ден.

Правило за да ја добиете оваа можност е да направите нарачка во вредност над 1500 ден

Од досегашна пракса има клиенти кои се обидуваат да го злоуптребат нашиот систем. Тие клиенти прават нарачка во вредност од 1500 ден за да добиваат бесплатна достава и од како ќе ја добијат нарачкава ги враќат назад дел од нив што не им требало но нарачале само за да добиваат бесплата достава.

За ова причина одлучивме да аплицираме Правило за Фер Користење

Правило за Фер Користење значи ако клиент направи нарачка од 1500 ден добива бесплатен транспорт но ако клиентот враќа стока и вредност на нарчкава паѓа ис под 1500 ден тогаш мие му калкулираме трошоци за достава и врачање.

Како функционира? Пример: Ако клиент направи нарачка во вредност од 3000 ден и за некоја причина одлучува да враќа стока во вредност од 1600 ден тогаш тоталот на нарачкава паѓа во 1400 ден. Во овој случај мие му калкулираме трошоци за достава+трошоци за враќање.

Ако клиентот направи нарачка во вредност од 3000 ден и враќа назад стока во вредност од 1400 ден тогаш тоталот на нарачкава останува 1600 ден од кое клиентот не само што добиј бесплатна достава но добива и бесплатно враќање.

Кога ќе ги добивам парите во моја сметка од вратената стока?

Време за враќање на производ е следно:

  1. Кога ја добиваме вратената стока почнува вреднувањето за исполнување на условите за враќање.
  2. Ако вратената стока ги исполнува условите за враќање ќе имате исплата во ваша смета за 2 до 10 дена.
  3. Ако вратената стока не ги исполнува условите за враќање тогаш тие ви се враќат на ваша адреса.

Кога вршиме исплата за вратената стока ќе ве известиме преку електронска пошта.

Од кога ќе извршиме исплата парите треба да се во ваша сметка. Ако парите не се во ваша сметка а имате добиено известување од наша страна тогаш треба да контактирате вашата Банка. Некои Банки овој начин на трансфер на пари го вршат за 2-3 дена.

Важно : Ќе се аплицира правило за фер користење на нарачки кои тоталот ќе е помалку од 1500 ден

Поминаа 15 дена од примемот на нарачката, дали можам да ги враќам?

Согласно позитивните законските прописи на Република Македониа овозможуваме враќање на нарачките во рок од 15 дена од денот на прием. После тоа не можете да враќате нарачка.

Враќање на стоки кои беа на промотивни цени

Ако враќате стоки кои беа со промотивни цени не го губите правото за промотивна цена на стоките што че ги задржите од истата нарачка.

Важно : Ке се аплицира правило за фер користење на нарачки кои тоталот ќе е помалку од 1500 ден

Дали е можно два посебни нарачки да се враќа во еден пакет?

Секоја нараќка има своја шифра и враќање на стока е врзена по направената нарачка. Секоја нарачка треба да се враќа во оригиналниот пакет.

Информациа за Достава

Кога ќе ми се достави нарачката?

Вообичаено производите кои се увезуваат се доставуваат за 2-3 недели, додека производите кои се на залиха се доставуваат за 2-3 дена. Доколку  вашата нарачка содржи производи кои се на залиха и производи кои треба да се увезат,  тогаш доставата се врши кога сите производи ќе бидат   достапни за достава. Доколку се предвидува дека вашата  нарачка ќе доцни, навремено ќе ве известиме преку електронска пошта.

Дали можам да ја сменам адресата за достава?

Доколку имате направено нарачка, а имате наведено погрешна адреса за достава, Ве молиме контактирајте не што  е можно побрзо. Доколку нарачката е во транспорт, ќе се потрудиме да Ви помогнеме.

Адресата можете да ја смените во делот Моја Сметка.

Дали вршите меѓународна достава?

Вршиме достава низ целата територија на Република Македонија. Доколку  сте клиент кој се наоѓа надвор од Македонија, Ве молиме контактирајте нѐ.

Транспортни трошоци

Сите нарачки над 1500 денари добиват бесплатна достава. За нарачките со вкупна сума под 1500 денари, доставата ја плаќа клиентот, при што трошоците се вкалкулирани автоматски во делот за исплата.

Доставата се изврши кога не бев дома

За да се избегнат  вакви ситуации, го бараме вашиот телефонски број во делот за исплата. Наведете го Вашиот мобилен број. Кога ја предаваме Вашата нарачка за достава,  го даваме и Вашиот број за да можат да Ве контактираат пред извршувањето на достава.

Доколку компанијата кја што врши достава  не ве контактира пред доставата, тогаш контактирајте нѐ за понатамошни чекори.

Можете да ја контактирате и компанијата која што врши достава  за да дознаете повеќе за вашата нарачка.

Доколку компанијата која што врши достава не може да ве контактира и не може да ја изврши доставата во рок од 7 дена, тогаш нарачката ке биде вратена врати кај нас.

На што треба да внимавам кога се врши доставата?

Во моментот кога ќе се изврши  доставата, отворете го  и проверете  го пакетот пред доставувачот.

Доколку забележите дека пакетот е оштетен или нешто неочекувано :

  • Отворете го пакетот пред доставувачот
  • Доколку производота е оштетен или недостига некој производ, кажете му на доставувачот да направи записник
  • Доколку одлучите да не ја примате нарачката, тогаш започнете со чекорите за лесно враќање, земете шифра и заедно со фактурата вратете ја кај доставувачот.

Доколку ви е потребнапомош, контактирајте не

Дали доставувате во празнични денови?

Компаниите кои вршат достава доставуваат само во работни денови.

Кое време транспортните компании вршат достава?

Обично доставата се врши од 09:00 до 15:00 часот

Нарачки

Како да ги следам нарачките?

Кога ќе завршите со нарачка и плаќање:

  1. Ке добиете електронска пошта со содржина дека вашата нарачка е примена
  2. кога ние ќе ја пратиме вашата нарачка за достава ќе добиете известување преку електронска пошта
  3. Пред достава, ќе бидете телефонски исконтактирани од компанијата која врши достава.

Овој процес можете да го следите преку делот статус на нарачки во  Моја Сметка

Дали мојата нарачка може да се достави како подарок со напишана картичка ?

Не може да се достави вашата нарачка како подарок за некој друг.

Дали можам да ја изменам нарачката?

Не можете да направите измени ако веќе нарачката е направена. Ако имате направено некоја грешка или се премисливте за вашава нарачка можете да ја откажете ако нарачкава не е дадено во транспорт.

За да се информирате за вашава нарачка одете во Моја Сметка и кликните нарачки. Тука ке погледнте статусот на вашата нарачка.

Можете да не контактирате за информации.

Дали може да сменам  производот за поголем или помал број?

Некои производи се во ограничен број, што не ни овозможува да ја дадеме ова опција.

Можете да го вратите производот следејќи ги чекорите за враќање, а потоа да направите нова нарачка

Како можам да ја откажам мојата нарачка?

Доколку имате направено некоја грешка или се предомисливте за вашата нарачка, можете да ја откажете доколку  нарачката не е предадена за достава .

За да го погледнете статусот на вашата нарачка, влезете во Моја Сметка и кликнете на Нарачки, тука ќе можете да го видите статусот на вашата нарачка.

Доколку вашата нарачка веќе е дадена за достава,  треба да почекате да Ви се достави, а потоа можете да започнете со чекорите за враќање на производ.

Доколку Ви е потребна  помош, контактирајте не

Дали можам да откажам нарачка доколку таа веќе е дадена за достава?

Ако статусот на вашата нарачка покажува дека нарачката е дадена за достава, не можете да ја откажете нарачката

Треба да ја почекате доставата.

Следете ги чекорите за враќање на производ и вратете ја нарачката 

Доколку ви е потребна помош, контактирајте не

Зошто мојата нарачка е откажана?

Причината за откажување на нарачка можете да ја прочитате во Вашата електронска пошта што ви ја праќаме во секој чекор.

За повеке информации, контактирајте не

Доставениот пакет е оштетен!

Доколку забележите дека пакетот е оштетен или нешто неочекувано :

  • Отворете го пакетот пред доставувачот
  • Доколку  производот  е оштетен или пак недостига  некој производ, кажете му на доставувачот да направи записник
  • Доколку одлучите да не ја примите нарачката, тогаш започнете со чекорите за лесно враќање, земете шифра заедно со фактурата и вратете го кај доставувачот.

Ако ви треба помош контактирајте не

Ја добив нарачката со помалку производи. Што треба да направам ?

Доколку забележите помалку производи во вашата нарачка тогаш

  • Отворете го пакетот пред доставувачот
  • Доколку забележите помалку производи, побарајте да се направи записник
  • Фотографирајте го пакетот и заедно со записникот испратете ни го

Ако не го отворивте пакетот пред доставувачот и нема подготвен записник, не можеме да ви гарантираме за решавање на проблемот. Во секој случај, максимално ќе се потрудиме да ја решиме .било која сиуација која би се појавила.

Производот кој го купив од вашата продавница пред извесно  време, не функционира. Што треба да направам?

Сите производи кои имаат гарантен лист, се под гаранција на производителот и Бифекс.

Доколку  вашиот производ има некаков проблем во времетраењето на гаранцијата тогаш:

  1. Разгледајте го гарантниот лист и контактирајте го сервисниот центар
  2. Доколку не сте во можност да контактирате со сервисниот центар, тогаш контактирајте не нас.

Сите податоци за гаранцијата се опишани во гарантниот лист. Не  ги испраќајте производите до нас доколку  такво нешто не е побарано. Гаранцијата за производ е покриена со авторизиран сервисен центар.

Дали можам да ги користам бодовите од мојата кредитна картичка за да купувам во вашата продавница?

Не можете да ги користите бодовите од вашата кредитна картичка за да купувате во Бифекс продавницата.

Дали може некој друг да купува за мене, доколку јас му дозволам да ја користи мојата кредитна картичка?

Ве советуваме да не дозволите никому да ја користи Вашата кредитна картичка од безбедносни причини.

Како можам да го искористам купонот за попуст?

Доколку имате купон за попуст тогаш:

  • Одберете производ каде што можете да го искористите купонот за попуст
  • Додадете во Кошничка
  • Одете во делот за Исплата
  • Во делот за Исплата ќе го најдете местото за користење на купонот
  • Употребетеете го купонот и цените автоматски ќе бидат намалени

Зошто доставената нарачка не е со логото на Бифекс?

Имаме партнерска програма, преку која соработуваме со многу компании. Нашата цел е да Ви обезбедиме брза достава. Поради  оваа причина, им дозволуваме на нашите партнери да Ви испраќаат производи. Некогаш можете да добиете нарачка на два различни пакети. Ова е дел од договорот со нашите партнери за брза достава.

Моја Сметка

Ја заборавив лозинката. Што сега?

Одете во Моја Сметка во делот за влез,  кликнете каде што пишува  заборавена лозинка. ќе ви се отвори нов прозорец, каде ќе Ви биде побаран податок за   електронска пошта. После тоа, ќе добиете електронска пошта со информации за вашата лозинка.

Како можам да ја сменам лозинката?

За да ја смените лозинката, одете во Моја Сметка, потоа одберете детали за сметка, каде ќе имате можност да го видите делот за менување на лозинка.

Како можам да ја сменам електронската пошта ?

За да ја смените електронската пошта, отидете во Моја Сметка, а  потоа одберете детали за сметка каде ќе го видитее делот за менување на електронска пошта.

Фактура & Гарантен Лист

Кога ќе добијам фактура?

Фактурата ќе биде испратена преку електронска пошта и доставата, заедно со пакетот.

Како можам да менувам информации во фактурата?

Не можете да менувате информации во фактура.

Можете да смените информации во Моја Сметка, преку која ќе бидат сменети информациите во идните фактури.

Дали можете да ми доставите фактура за да плаќам преку компанија?

Преку Бифекс онлајн продавницата, не е возможно испраќање на  фактури за компании. Бифекс онлајн продавницата е платформа за клиенти кои купуваат со кредтна и дебитна картичка. Не постои специјален дел за регистрација на компании.

Можеме да ви испратиме фактура преку нашата физичка продавница, а за оваа можност треба да не контактирате

Гарантниот лист не дојде со нарачкава. Што треба да прам ?

Ако не ви се достави гарантен лист контактирајте не

Членство

Како можам да се одчленувам од дневни известувања?

Можете да се одчлените од примените електронски пошти, да не контактирате и да барате одчленување и преку Вашата  сметка.

Се одчленив од дневните известувања, но сепак примам електронска пошта!

Процесот за одчленување трае 48 часа. Доколку  после 48 часа прдолжите да добивате  дневни известувања преку  електронска пошта, Ве молиме контактирајте не.