Како да купам

Чекор 1 : Регистрирајте сметка

Доколку немате отворено сметка кликнете на иконата за отварање сметка и регистрирајте се. Можете да регистрирате сметка преку пополнување на полето за електронска пошта или пак да кликнете на некоја од социјалните мрежи за автоматска регистрација преку социјалните мрежи. Доколку  одлучите да се регистрирате со електронска пошта, ќе добиете е-маил со информации за тоа како да се логирате на вашата сметка. После логирањето на вашата сметка, можете да пополните лични информации како име, презиме, адресада смените лозинка и сличноо.

Чекор 2: Додади во кошничка

Одберете производ и кликнете на иконата- Додади во кошничка. Тука ќе ви се отвори мала картичка, од каде можете да изберете -плати или види корпа. Ако сакате да направите измени, тогаш кликнете на иконата-види корпа. После тоа, кликнете на копчето плати

Чекор 3: Страница за исплата

Доколку претходно регистриравте сметка и ги пополнивте Вашите лични информации за име, презиме, адреса и другите барани информации, тогаш на страницата за исплата сите информации ќе Ви се пополнат автоматски. Доколку  сеуште ги немате пополнето, имате можност да ги пополните информаците кои се барани пред плаќање. Кога ќе ги пополните сите полиња, кликнете на копчето направи нарачка

Чекор 4: Плаќање

Кога ќе притиснете на копчето -Направи Нарачка ќе се отвори прозорец за плаќање. Користиме SSL цертификат за плаќањето да биде сигурно. Пополнете ги полињата со ваше име, презиме, број на платежна картичка, датум на важност на платежната картичка и CCVили безбедносниот број со 3 цифри кој се наоѓа на задниот дел на вашата кредитна или дебитна картичка.

Вашава Нарачка е примена! Идниот чекор е да Ви ги испратиме Вашите производи